×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово потпиша меморандум за урбана мобилност

    19.09.2019 16:53 | KumanovoNews

     Претставници од општините Куманово, Велес, Битола, Кавадарци и Карпош денеска во просториите на ЗЕЛС потпишаа меморандум за посветеност кон имплементација на мерките за одржлива урбана мобилност со што заврши конференцијата „Поддршка на локалните самоуправи на РСМ во промоција на одржлива урбана мобилност“.

    Општина Куманово потпиша меморандум за урбана мобилност

    „Проектот претставува иницијатива за промоција, планирање и градење на капацитетите во спроведување на активности за урбана мобилност, формирање на модел на оптимални трошоци и иновација. Со оглед на тоа што како Општина добивме поддршка во имплементација на мерки поврзани за урбана мобилност, ни беше чест официјално да потпишеме меморандум со кој ја истакнавме нашата поддршка во идното планирање на мерки за урбана мобилност во нашата средина, - изјави претседателката на Советот, Атина Мургашанска.

    Настанот е посветен на Европската недела на урбана мобилност и е резиме на активностите реализирани преку проектот финансиран од ГИЗ, а претставен како иницијатива за промоција, планирање и градење на капацитети во спроведување на активности за урбана мобилност . Тие се темелени на модел на оптимални трошоци и иновација, зголемување на удобноста на живеење на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Овој пристап овозможува поголем простор за граѓаните, зеленило, подобрување на јавниот превоз и дава предност на искористување услови за користење велосипеди, воспоставување забранети зони за сообраќај, користење катни паркиралишта и друго.

    Шесте општини вклучени во пилот фазата на проектот наредниов период ќе работат на градење локални политики за одржлива урбана мобилност и создавање услови за нивно натамошно преточување во одредени стратешки документи или урбанистички планови кои во себе ќе ги содржат мерките за планирање на одржлива урбана мобилност.