×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово за 2000 денари ја намали фирмарината за оваа година

    17.04.2020 12:51 | KumanovoNews

     Советот на Општина Куманово донесе одлука донесе за намалување на фирмарината за оваа година од 6.000 на 4.000 денари.  Ова е една од мерките кои локалната власт ги презема за помош на стопанството погодено од пандемијата на КОВИД-19.

    Општина Куманово за 2000 денари ја намали фирмарината за оваа година

    - Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата и консеквенците кои истата ги предизвикува врз стопанството и економијата, а со цел да им излеземе во пресрет на компаниите да ги надминат нарушувањата предизвикани од коронавирусот, предложивме и  Совет на Општина Куманово го прифати намалување на висината на комуналната такса- фирмарина од 6.000 на 4.000 денари. Одлуката е издржана и е од заеднички интерес, бидејќи се работи за максималено намалување на износот согласно тарифникот за пресметка на комунални такси, - изјави Ненад Стојановски, овластен раководител на Секторот за даноци и такси во Општина Куманово.

    Намалувањето на таксата за сите правни субјекти Општината ќе ја чини 6.7 милиони денари.

    Стојановски вели до нив пристигнале голем број на барања од правните субјекти за целосно ослободување од плаќањето на комунална такса за 2019 и 2020 година, но тоа е против законски.

    - Сакам да појаснам дека ослободување од плаќање на фирмарина не е возможно, затоа што со Закон за комунални такси не е дозволено ослободување од оваа давачка. Предвиден е тарифник со маргини и ние со оглед на нашите надлежности и ингеренции донесовме одлука фирмарината да биде најниска согласно законот,- додава Стојановски.

    Од Општината информираат дека поради кризната состојба, Општина Куманово, Сектор за даноци и такси нема да испраќа опомени и нема да врши присилна наплата за целиов период додека трае вонредната состојба.