Општина Куманово започна постапка за изградба на улица на местото на бараките на „11 Октомври“
Општина Куманово објави оглас за избор на фирма којашто ќе работи на изградба на кракот кој ги спојува улиците „11 Октомври“ и „11 Ноември“.

Заинтересираните треба ја достават потребната документација најдоцна до 17-ти овој месец. За проектот е предвидено да се издвојат околу 5 милиони денари.
Општина Куманово претходно ги отстрани времените објекти на „11 Октомври“ и со тоа создаде услови за изградба на нова улица. Имаше вкупно 24 времени објекти, кои најголем број се во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
Градоначалникот Максим Димитриевски, уште на почетокот на мандатот најави дека планира да ги поврзе двете улиците, за да се намали гужвата во сообраќај кон Општата болница и да се отстрани тесното грло кое го создаваат возилата кои се движат кон населбата Бедиње и Липково.
(Д.Д.)