Општина Куманово започна со присилна наплата на данокот за 2024, се испраќаат опомени за 2025
Секторот за даноци и такси при Општина Куманово започна со дистрибуција на опомени за неплатен данок на имот за физички лица за 2025 година, како и решенија за присилна наплата за 2024 година.
„Станува збор за решенија и опомени кои се генерирани на 7 ноември 2025 година, а нивната дистрибуција започна со значително задоцнување. Се извинуваме на граѓаните, односно обврзниците кои веќе го подмириле долгот, а сепак ќе добијат решение или опомена – истите да не ги земаат предвид“, стои во известувањето од Општината.
Известувањата ќе бидат доставени на домашна адреса преку Македонски пошти, со кои Општината има склучено договор.
Оттаму додваат дека доколку некој обврзник има нејаснотии, може да се обрати во Секторот за даноци и такси, во поранешната зграда на „Козјак“, спроти градскиот стадион, во канцелариите број 1, 3 и 10, за дополнително појаснување и увид во својата финансиска картица.
Обврзниците можат да се јават и на телефонските броеви 031 414 375 и 031 422 641, како и да ги користат електронските адреси објавени на веб-страницата на Општината.