×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината со програма за развој на туризмот во Куманово

    04.07.2017 09:03 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе ја подобрува туристичката пропагaнда и условите за престој на туристите во Куманово, со приближно 400.000 денари на годишно ниво, информираа денеска од Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој.

    Општината со програма за развој на туризмот во Куманово

    Раководителот на секторот Зоран Павловски објасни дека програмата е донесена врз основа на Законот за локална самоуправа и со неа се уредуваат намената на средствата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите за 2017 година.

    За брошура „Посети го Куманово“ што ќе се печати на повеќе јазици, македонски, албански, српски и ромски ќе се одвојат 80.000 денари.

    Предвидени се и средства за печатење на флаер, оддржување на веб страната, за печатење на брошурата „Чевларска шопинг тура“ за која ќе бидат одвоени 30.000 денари, изјави Павловски.

    Што се однесува до конкурсот за најдобра фотографија со мотиви од Куманово и изложба ќе бидат одвоени 60.000 денари, за конкурс за изработка на сувенир, општината одвојува 50.000 денари. Општина Куманово ќе одвои и 70.000 денари за поставување на знаци, патокази до културно-историските споменици, а ќе постави и билборди на влезовите во градот, како и на коридорите 8 и 10. По потреба во текот на реализацијата на програмата, појасни Павловски може да се врши прераспределување на средствата од една во друга позиција, за што претходно ќе се информира Советот на Општина Куманово.