×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општинската каса тежи 30 милиони евра

    24.12.2010 12:26 | KumanovoNews

    Општината Куманово во наредната година треба да потроши 30 милиони евра. Најголем дел од сретствата во буџетот на Општината, дури 61 проценти се предвидени за изградба на капитални преокти, а останатиот дел ќе се користат за тековно-оперативни работи.

     

    Општинската каса тежи 30 милиони евра

    Буџетот е развоен со програми за капитални инвестиции.Основниот буџет кој општината има ингиренции да го собира како приходи е 10 милиони евра, а останатото е од дотации кои ги добиваме од министерствата и ги трансферираме во јавните установи. Со овој буџет се планираат неколку крупни проекти: подземна гаража во центарот на градот, општинска зграда и реконструкција на Занатскиот дом,потоа изградба и реконструкција на улиците, основни и средени училишта,спортски сали, приклучување на парно греење, водоводна и канализациона мрежа- вели Ирена Илиевска раководител во Секторот за финасии.

    Буџетот во однос на мината година е зголемен за 6 проценти. Советниците од опозицијата остро се спротивставија на предлог буџетот и не го подржаа, а во жустра дисксија се обидуваа да ги убедат останатите советници дека буџетот е катастрофален и нема да може  да ги задоволи предвидените очекувања.

    Имаме преамбициозен, прекомплексен и голем буџет во кој подоцна со кварталните извештаи ќе видиме дека неможат да се реализираат предвидените проекти. Затоа ние не сакавме да го подржиме овој буџет од кој граѓаните нема да имаат никаков бенифит. Истото се случуваше и мината година кога само 70 проценти од буџетот беше реализиран- смета Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Советничката група на СДСМ тврди дека буџетот ги задоволува потребите на општината и во целост ќе се реализира, затоа што содржи развојна компонента и проекти кои се во интерес на граѓаните.

    Буџетите на локалните самоуправи за разлика од државната каса се разликуват и во својата приходна и расходна страна.Изворните приходи во општините не се константни, ние зависиме од уплата на такси, комунални давачки, промет итн. Заради тоа не можеме да го предвидиме буџетот 100 проценти и го планираме. Забелешките на опозицијата не се на место и сметам дека по исцрпните објаснувања сфатија дека буџетот е добар - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.