×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општинскиот штаб бара за неносење маска граѓаните да се казнуваат со општокорисна работа

    29.04.2020 10:53 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) од Куманово, бара од Владата наместо парична казна, граѓаните коишто нема да носат заштитна маска заради заштита од коронавирусот да бидат казнети со извршување општокорисна работа.

    Општинскиот штаб бара за неносење маска граѓаните да се казнуваат со општокорисна работа

    „ОШЗС Куманово бара од Владата да ја разгледа и измени Уредбата за носење на заштитна опрема со која е  предвидена казна во висина од 20 евра на физичките лица за неносење на заштитна маска на отворено и истата да ја замени со опомена и содветна казна со општествено корисна работа“, соопшти Штабот.

    На седницата била донесена одлука да се дозволи организирање и одржување музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК „Трајко Прокопиев“  за времетраењето на полицискиот час.

    Со 378 случаи на болни од коронавирус, Куманово засега е втор најпогоден град по Скопје.

    Според Уредбата на Владата, освен 20 евра казната за неносење заштитна маска за физички лица, 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените, а 500 евра за секое одговорно лице во правното лице.

    Од Владата откако ја донесоа уредбата за казнување рекоа дека до 30 април, Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат нема да казнуваат, туку само ќе изрекуваат опомени, а казнувањето ќе почне од 1 мај.