Ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски
13.02.2020 10:15
| KumanovoNews
Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски, кој беше обвинет во случајот „Шпион". На Божиновски му се судеше во шпионажа и уцена во раздвоена постапка.

Обвинетиот Божиновски, во завршен збор, рече дека не бил соочен со ниту еден доказ и дека целиот предмет бил спакуван од СЈО без да се дозволи увид во доказите.
Обвинителството пак во завршен збор, рече дека биле изнесени докази со кои се потврдил обвинителниот акт и поврзаноста на Божиновски и Ефремов во делото „шпионажа", додека делото делото „уцена" останува во обид.