Мени

Осма жртва од експлозијата со плинска боца во Романовце е 10-годишно дете

13.03.2020 10:32 | KumanovoNews

Почина 10-годишно дете кое се здоби со 70 отсто изгореници во експлозијата со плинска боца во село Романовце, Куманово. Ова е осма жртва од експлозијата.

Осма жртва од експлозијата со плинска боца во Романовце е 10-годишно дете

На самото место на несреќата, којашто се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години, подоцна во болница почина и 58-годишен маж, а на здобиените повреди им подлегнаа и 36-годишна жена и 63-годишна жена, а подоцна на повредите им подлегна уште еден маж.

Со тешки повреди се уште еден член од семејството, а на лекување е и бремена жена.