Основците во училиште без маски, одлучи Владата
29.03.2022 18:38
| Сузана Николиќ
Oд утре 30 март, учениците од прво до деветто одделение ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење на маска за заштита од ковид-19, соопшти Владата откако денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести.

„Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски“, велат од Влада.