Осомничените за убиството на Шќипоња се бранеле со молчење
25.07.2015 11:26
| KumanovoNews
Триесет дена притвор добиле двајцата осомничени за убиството на Џемаил Реџепи, познат како командат Шќипоња.

Од Кумановското јавно обвинителство дознаваме дека притворените се бранеле со молчење и дека истрагата продолжува.
Кај осомничените е пронајдено и оружјето со кое е извршено убиството.
Оружјето и видео записите се предадени на вештачење.
Убиството на таканаречениот командант Шќипоња било снимено со 12 видеокамери. Пресметката се случи во кумановската населба Бедиње поради партиско недоразбирање на Шќипоња и в.д. претседателот на кумановскиот огранок на ДУИ Бајрам Лимани..