×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетени новите обрачи и мрежи на кошаркарските игралишта

    18.07.2020 10:21 | KumanovoNews

    Уништени се новите табли на теренот за кошарка кај спортската сала, кои неодамна ги постави Општина Куманово и КК Куманово.

    Оштетени новите обрачи и мрежи на кошаркарските игралишта

    На едната табла целосно недостига кошот, поточно обрачот и мрежата, а другиот е искривен и неговата мрежа е искината. Исто така и оградата на теренот е уништена.

    „Обрачите се со федери, постои механизам кој спречува искривување при самото користење. Но, очигледно е употребена прекумерна сила и обрачите намерно се оштетени. Ќе поставиме нови обрачи, и се надеваме случајот ќе се расчисти од страна на надлежните,“ изјави Дарко Петковски, спортски директор на КК Куманово.

    Тие исто така се надеваат дека спортските ентузијасти кои ги користат терените, во иднина ќе бидат и посовесни при чувањето и одржувањето на истите.

    При замена на старите со нови, од управата на клубот потенцираа дека овие акции се спроведуваат единствено и само заради создавање на услови и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт.

    (Д.Д.)