Осум нови пожари во Куманово
Нови осум пожари се регистрирани во поширокиот кумановкси регион соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активирани се пожари во селата Зубовце, Сопот, Четирце, Зебрњак, Лојане, Орашац, Довезенце, Бељаковце.

„Ставени се сите расположливи капацитети од нашата општина, ТППЕ, вработени од јавни претпријатија и од Армијата, а помогнаа општините Велес и Кавадрци со противпожарни возила и луѓе. Очекуваме и поддршка од воздух. До 13 часот имавме само еден пожар, а потоа сите избувнаа во рок од 30 до 45 минути“, изјави градоначалникот, Максим Димитриевски.
Во селото Четирце изгорела фарма со крави и друг добиток, а неколку куќи во селото Зубовце.