Осум граѓани побарале помош во Ургентен центар, поради напад од куче
13.03.2023 11:31
| Сузана Николиќ
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат помош во Кумановската болница, поради напад од куче. До 11 часот лекарска помош им е пружена на 8 пациенти.

„Кај нас се примени 8 пациенти, кои се здобиле со лесни телесни повреди од напад на куче“, вели д-р. Радомир Гелевски, началник на Хируршкото одделение во Кумановската болница.
Утринава кучето напаѓаше во близина на Основното училиште „Крсте Мисирков“, при што беа повредени четири ученика и еден возрасен кумановец. Очевидци кажуваат дека не се работи за куче скитник, туку за чувано куче, кое најверојатно избегало од дома.