×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осум пациенти со КОВИД-19 се лекуваат во Кумановската болница

    14.05.2020 13:41 | KumanovoNews

    На Инфективното одделние во Кумановската болница хоспитализирани се 8 пациенти позитивни на коронавирус.

    Осум пациенти со КОВИД-19 се лекуваат во Кумановската болница

    Според началникот на оддeлението Азиз Бајрами, кој и самиот беше позитивен на КОВИД-19, сите пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен една пациентка која е на кислородна поддршка.

    „Станува збор за пациенти над 60 - годишна возраст, повеќето се жени и доаѓаат од селските средини од Куманово и Липково“, - изјави Бајрами.

     Директорката на Кумановската болница Снежана Захариева, вели дека последната недела постои тренд на опаѓање на хоспитилизирани пациенти на Одделението за инфективни болести и бројот не преминува преку 10, а во екот на пандемијата имало и повеќе од 35 само на едно од одделенијата.

    „Во моментот имаме 8 пациенти, од кои двајца се позитивни, а другите шестмина се негативни, меѓутоа лежат затоа што им е продолжена терапијата до потполно оздравување. Некои имаат услови да бидат пуштени дома, но сепак ќе почекаме да ја видиме клиничката слика и лабораториските резултати“, - изјави Захариева.

    Таа додаде дека сите здравствени работници кои биле позитивни на коронавирус се оздравени и вратени на работа, сите оддели се екипирани и чекаат насоки од Министерството за здравство да ги отворат амбулантите за пациентите.