×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Освоив гласови колку сите други шест кандидати заедно, изјави Димитриевски

    20.10.2025 07:42 | KumanovoNews

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од ЗНАМ, Максим Димитриевски, синоќа изјави дека освоил гласови колку сите останати кандидати заедно. 

    Освоив гласови колку сите други шест кандидати заедно, изјави Димитриевски

     Изборите ги оцени како фер и демократски, односно „одржани по скандинавски модел“.

    „Јас како кандидат водам убедливо во однос на сите останати шест кандидати, или за споредба – колку што имаат вкупно гласови сите останати кандидати, толку јас, како кандидат на ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, имам освоено. Дали ќе има втор круг или не, во овој момент не можам да кажам, бидејќи сите податоци сè уште не се обработени. Но и да има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави Димитриевски.

    Тој додаде дека листата на кандидати за советници на ЗНАМ во општина Куманово извојувала победа и добила најголем број гласови.

    „Веднаш зад нас е листата на ВМРО-ДПМНЕ, и повеќе од јасно е дека мнозинството во Советот ќе го сочинуваат овие две листи, како и веројатно дел од поранешните партнери во локалната власт“, рече Димитриевски.

    Соработниците, членовите и симпатизерите на ЗНАМ победата ја прославија на градскиот плоштад со оро и песна.