×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отстранети се дивите пазарџии лоцирани пред Зелениот пазар во Куманово

    06.07.2017 07:54 | KumanovoNews

    Во координираната акција учествуваа претставници на институции, сектор за инспекциски надзор, МВР, а комуналните претпријатија „Чистота и Зеленило“ и „Водовод“ беа поддршка со механизација во однос на чистење, миење на тротоарите на кои продавале пазарџиите.

    Отстранети се дивите пазарџии лоцирани пред Зелениот пазар во Куманово

    Исто така и на неколку струмичани кои продавале зеленчук и овошје со камиони во кумановските населби „Зелен Рид“, „Бедиње“, пред населбата „Перо Чичо“ и „Тоде Мендол“, селата Долно Којнаре и Речица им е укажано да си заминат од тие локации.

    Оваа е континуирана акција која ќе продолжи да се реализира и со пазарната инспекција и СВР во текот на летниот и есенскиот период. Инспекторите ќе се враќаат на терен за да проверат дали дивите тезгаџии се враќаат на овие локации, изјави, раководителката на секторот за инспекциски надзор, Верче Лазаревска.

    Со акцијата, сметаат одговорните од секторот, не само што се отстранува нелојалната конкуренција на пазарџиите кои имаат закупено тезги на пазарите во Куманово, туку се овозможува и непречен проток на сообраќајот, со оглед на фактот, што „дивите“ тезгаџии ги узурпираат тротоарите на булеварите и улиците.