Отвoрање на нов премиум Елида маркет во Куманово
Во Куманово од утре (среда) ќе започне со работа новиот продажен објект на ланецот Елида маркети во Куманово.

На површина од 600м2 , новиот премиум маркет на потршувачите ќе им понуди нов и поудобен начин во пазарењето, со квалитени производи и извонредна услуга. Маркетот нуди богат асортиман на препознатливи производи од домашни и странски производители со висок квалитет по ниски цени.
Новиот маркет се наоѓа на улицата „Васко Карангелески“ бр.115, во комплексот згради „Бела“, а ќе работното време ќе биде од понеделник до сабота од 6 до 22 часот.
„Ви нудиме одличен комфор при пазарењето, голем асортиман на производи, акциски цени, сетови + гратиси, свежо овошје и зеленчук, леб и бели пецива, печено пиле, свежа риба и свежо месо. Подготвуваме одлично забава за вашите најмили, новогодишно сликање со Дедо Мраз, музика и вкусни закуски“, порачуваат од компанијата.
Од компанијата Елида ги повикуваат граѓаните на Куманово, да ги посетат, бидејќи подготвуваат бројни промоции и дегустации, подароци и изненадувања за сите посетители.
(ПР Текст)