Отворање на повеќе пунктови за тестирање од коронавирус, бара Кризниот штаб
Отворање на нови пунктови за тестирање од коронавирус во Куманово, со цел да се тестираат поголем број на граѓани, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок.

Истовремено од Институтот за јавно здравје се очекува навремена информација за сите извршени тестови на територија на Општината.
- Се препорачува на сите матични лекари и здравствени установи на територија на Општина Куманово, да ги почитуваат препораките од Министерство за здравство по однос на борбата за справување со вирусот COVID-19 и воедно бараме од Министерството за здравство да изврши контрола на работењето на матичните лекари поради голем број на поплаки коишто доаѓаат до ОШЗС од страна на пациенти за пасивност на одредени матични лекари и амбуланти, како и заради намалување на непотребни пријавуви до Центарот за јавно здравје, - соопштуваат од Кризниот штаб.
Општински штаб за заштита и спасување и денеска го повтрои ставот дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово.