Отворен ден во „Наце Буѓони“ за претставување на училишните програми
Општинскотот средно техничко училиште „Наце Буѓони” утре (петок) организира Отворен ден, со цел на идните средношколци да им ги претстави програмите и можностите за упис во училиштето.

„Целта на настанот е деветооделениците да ги запознаат одблиску струките и профилите кои се изучуваат во нашето училиште, да прашаат за условите во кои се одвива наставата, да ги видат кабинетите, како и штандовите на фирмите каде што се одвива феријалната пракса и и практичната настава. Сите заинтересирани гости ќе имаат можност да ги посетат нашите штандови претставени од учениците од нашите струки, електротехничка, машинска и здравствена и директно да ги слушнат нивните искуства“, вели Драган Јаневски, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“.
Тој им порачува на идните средношколци да го посетат Отворениот ден и да го изберат нивното училиште за своето образованите, бидејќи е со најдолга традиција во техничките науки не само нашиот град, туку и во земјата.
Техничкото училиште „Наце Буѓони“ Куманово во прва година ќе запише 671 ученици во 20 паралелка (331 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 340 ученици во 10 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми.
Повеќе информации за уписите на следниов ЛИНК.