Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за култура во Куманово ги повикува сите неакадемски уметници од ликовна уметност да се пријават на конкурсот за манифестацијата „Самоуки 2025“.
Повикот е веќе отворен, апликациите ќе се примаат до 30 мај, а изложбата ќе се одржи на 12 јуни.
„Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи најмногу, со три дела по сопствен избор. Темата е слободна, како и техниката, а секое дело треба да е спремно за закачување“, стои во објавата на Центарот за култура.
Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела.
„Самоуки“ е традиционална изложба, која започнала да се организира на почетокот на деведесетите години, на иницијатива на повеќе ликовни уметници, без формално образование, но со сериозен опус зад себе.
Изложбата е дел од годишната програма на институцијата.
Минатата година беа изложени 40- тина дела од 22 автори.