×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен ликовниот конкурс „Мојот имагинарен свет - 2024“

    08.04.2024 09:38 | Оливера Пешевска

    Учениците од основни и средни училишта од Куманово, од денеска /8 април/ можат да се пријават за учество на ликовниот конкурс „Мојот имагинарен свет 2024“ на Центарот за култура во Куманово. 

    Отворен ликовниот конкурс „Мојот имагинарен свет - 2024“

    Пријавувањето ќе трае до 22 април, а избраните творби ќе учествуваат на изложба на 25 април во фоајето на центарот.

    Право на учество имаат сите ученици од 6-то до 9-то одделение, како и средношколците од сите четири години од општина Куманово.

    „Целта на конкурсот е промоција на талентирани ученици, кои со помош на нивната имагинација и ликовни вештини креираат инвентивни ликовни решенија. Стручна жири комисија ќе направи селекција на пријавените дела и ќе додели дипломи за прво, второ и трето место, во двете категории и благодарници за нивните ментори“, стои во повикот на директорот Сашо Тодоровски.

    Пропозициите налагаат делата да се изработени во формат на димензии блок 5, а техниката во која ќе се работи е молив, дрвени боички, туш во боја, водени бои, темперни и акрилни бои.  Учеството на конкурсот е во координација со менторите- професори по ликовно воспитание кои треба да дадат препорака за творбите на нивните ученици.