Отворен новиот ексклузивен продажен салон за облека „Гуд стајлинг“ во Куманово
Започна со работа новиот ексклузивен продажен салон за облека „Гуд стајлин“, кој се наоѓа на приземјето на Занаетчискиот дом во Куманово.

Во продажниот салон, можеше да се забележи раздвиженост од раните утрински часови, а купувачите потенцираа дека на Куманово му беше потребен ваков салон по европски стандарди, со широк асортиман на машка и женска високо квалитетна облека.
Сопствениот Даниел Лазаревски Петровски, е позитивно изненаден од посетеноста и заинтересираноста на граѓаните.
„Отворањето на овој продажен салон и за мене претставува нов почеток. Бутикот „Гуд стајлинг“ одамна чекаше на една ваква локација, па отсега понатаму оставам купувачите да зборуваат за него. Раздвиженоста на граѓаните уште од раните утрински часови е голема, сите се заинтересирани да видат што е ново, да видам што се случува. Нашиот салон е на атрактивна локација, каде има голема фрекфенција на луѓе. До крајот на денот очекувам да постигнеме и повеќе од тоа што имаме замислено, но сепак ќе оставиме на купувачите тие да видат што е направено, тие се најважни“, вели Лазаревски Петровски.
Приказната на бутикот „Гуд Стајлинг“ која започна на мало место во просториите на поренеше маркет „Туш“, а за само пет години од мал семеен бизнис се разви во бренд кој полека но сигурно се наметнува на пазарот на модата, е уште еден пример дека со многу труд, љубов и посветеност соновите можат да станат реалност.
Продажниот салон во центарот на градот од понеделник до сабота ќе работи од 8 до 22 часот, а во недела од 8 до 17 часот попладне.
Бутикот „Гуд стајлинг“ на старата локација ќе остане да работи и понатаму, а се примаат и онлајн нарачки на нивните производи.
(комерцијален текст)