×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложба на слики од ликовната колонија „Неготино 2020“

    14.05.2021 19:58 | KumanovoNews

     Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше отворена изложбата на слики од ликовната колонија –„Неготино 2020“.  Кумановскта публика ќе има можност да види триесетина дела масло на платно на автори од Македонија и Србија, кои минатата година творела во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“.

    Отворена изложба на слики од ликовната колонија „Неготино 2020“

    Организатор на колонијата е Општинската установа Музеј на град Неготино, а изложбата ја отвори директорката Драгица Чекоровска, која вели дека преку оваа изложба граѓаните на Куманово ќе имаат можност да ги запознаат спецификите и карактеристиките на неготинското поднебје, бидејќи авторите преку делата го претставуваат нивниот локален идентитет.

    „Целта на ликовната колонија е поттикнување на уметничката продуктивност, создавање на нови ликовни дела, поврзување на уметниците од овој регион, збогатувањето на културната понуда, афирмирањето на современата уметност, како и зголемувањето на колекцијата на уметничките дела во збирката на Музеј на Неготино. Запознавањето на ликовните уметници со регионот во неготинско поднебје, познато многу по винарскиот крај, со посета на винарии и запознавање со културното наследство, се важни содржини на оваа ликовна колонија“, истакна Чекоровска, која се заблагодари на поддршката од Центарот за култура да се презентираат во Куманово.

    Изложбата ќе биде отворена до 26 мај.