×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата „Кумановска ликовна сцена“

    17.12.2019 13:41 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија на Куманово, синоќа беше отворена изложбата „Кумановска ликовна  сцена“, која претставува ретроспективна изложба на делата на кумановските уметници од колекцијата на Уметничката галерија.

    Отворена изложбата „Кумановска ликовна сцена“

    Целта на оваа изложба, на која беа претставени триесетина дела, е правење на еден поширок преглед на историјата на кумановската ликовна уметност и презентација на што поголем број на значајни автори кои живееле и твореле на ова тло, творци вредни за паметење.

    „Вечерва можете да видите дела кои се постари од седумдесет години, кои се залог на времето, а со тоа да погледнете каков бил тогашниот ликовен израз, каква им била палетата на првите двајца ликовни уметници кои ги поставиле темелите на кумановската ликовна уметност. Зборувајќи за Трајко Муфтински и Кирил Караџа зборуваме за образовани ликовни творци кои се дообразувале по патувања на светски ликовни центри: Париз, Данска и Италија, кои тогашните поуки ги донеле овде во Куманово, но извршиле влијание и го дале својот придонес за развојот на македонската современа уметност. А таму високо на пиедесталот се наоѓа и доајенот на современото сликарствои Трајче Јанчевски, но и многу други значајни уметници“,- рече на отворањето Драгана Спасовска, историчар на уметноста.

    На изложбата беа поставени и најновните ликовни визуелизации кои ја генерираат новата ликовна состојба , со поинаков сензибилитет актуелен во европските и светските ликовни центри, а тоа уште еднаш потврдува дека Куманово е современ ликовен центар, значаен дел од македонската и светската ликовна сцена.

    На изложбата беа застапени авторите: Трајче Јанчевски, Александар Симоновиќ, Гоце Божурски, Драгутин Аврамовски Гуте, Часлав Марковиќ, Тања Соларска Темелковски, Момчило Петровски-Моцо, Тане Атанасовски Гарски, Владимир Величковски, Исени Реџаи, Верољуб Станковиќ, Борис Кукуњавски, Зоран Јакимовски, Трајко Тошевски, Мирослава Цветковиќ, Слободан Тимчевски, Марина Цветановска Мартиновска, Синиша Кашавелски, Мухамедали Алил и Страхил Петровски.

    Повод за изложбата „Кумановска ликовна сцена“ е овогодинешното честување на јубијелот 500 години постоење на градот, како и 55 години од формирање на НУ Музеј во Куманово.