Отворена изложбата на фотографии „Тетоважи“ од Ивица Станковски
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, синоќа беше отворена изложбата на фотографии „Тетоважи“, на Ивица Станковски.

„Не сум многу по зборувањето, делата се тие кои зборуваат за мене, јас само можам да кажам дека ова што го работам е тоа кое ме „врати во живот“, по несреќата“,- рече Ивица Станковски, авторот на фотографиите на тетоважите.
Директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово,Сашо Тодоровски смета дека оваа изложба е малку поразлична од изложбите кои вообичаено се одржуваат во Центарот за култура.
„Бидејќи ние сакаме да ја подржиме и алтернативната сцена, се одлучивме да направиме ваква изложба. Идејата дојде откако ги разгледав фотографиите на Ивица и заедно се договоривме за нејзината реализација“,- изјави Тодоровски.