Отворена изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“
Во Уметничката галерија во Куманово, отворена е изложбата „Византиски и поствизантиски сакрални споменици во Кумановско“, на авторката Славица Крстиќ.

Со изложбата беа опфатени сакралните споменици на 15 цркви од Византискиот и Поствизантискиот период како и 2 џамии од Османлискиот период. Изложбата беша надополнета и со цртежи од значајни коимпозиции од фреско-сликарство, како и од рабеските на џамиите.
„Куманово вечерва ја има честа да презентира само еден дел од богатиот мозаик на кумановската интернационална култура, којашто е вткаена на секој камен и во секој простор во кумановското опкружување и пошироко. Византиското период остава длабоки траги во тој мозаик и ние вечерва му благодариме на Музејот на градот Куманово и на сите кои се вклучивте во овие активности, за да ние можеме да го видиме сето тоа. Се враќаме во периодот на византиските императори, се враќаме во периодот на времето на цар Милутин, Душан и сите оние кои дале многу во делот на придобивките во тоа време. Куманово е составен дел на светската историја и култура. Ние сме горди на сета тоа,- рече Максим Димитриевски, градоначалникот на Општина Куманово, на отворањето на изложбата.
Авторката на изложбата, советник историчар на уметност во НУ Музеј Куманово-Славица Крстиќ, им се заблагодари на сите кои беа вклучени во реализацијата на оваа изложба и им врачи благодарници.
На изложбата присуствуваше и министерот за култура Хусни Исмаили.
Изложбата е проект од програмата 500 години Куманово.