×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворениот ден во „Киро Бурназ“ - учениците се запознаа со можностите за квалитетно и современо стручно образование

    14.05.2025 13:37 | Оливера Пешевска

    Во Регионалниот училишен центар „Киро Бурназ“ во Куманово денеска се организираше отворен ден за деветооделенците од основните училишта во општината. 

    Отворениот ден во „Киро Бурназ“ - учениците се запознаа со можностите за квалитетно и современо стручно образование

    Посетителите имаа можност подетално да ги разгледаат штандовите, организирани за секој сектор посебно, а за евентуални прашање на располагање им беа учениците и наставниот кадар на училиштето.

    Регионалниот центар нуди квалитетно и современо стручно образование, кое ги оспособува младите за живот и работа, веднаш по матурирањето.   

    „Има заинтересираност кај учениците за сите струки, ние ќе бидеме задоволни ако уписите и ова година поминат како лани. Интересно и изненадувачки е што повторно се зголемува интересот за струките со тригодишно образование, минатата година запишавме доволен број на ученици и на насоката пекар, фризер“, посочи директорот Горан Јовановиќ.

    Во здравствената струка ова година ќе има слободно место за по 25 ученика во паралеките на македонски и албански наставен јазик, а следната учебна година ќе се запишува на смерот за фармацевтски техничар. Во чекор со современите трендови внимание предизвикува и насоката за фитомедицина, ветеринарен техничар, сообраќаен техничар, како и паралелките за лични услуги, козметички и хемиски производи и други.

    Слободни места за запишување во прва година има за 384 ученици во 15 паралелки, и тоа 250 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 134 ученици во 5 паралелки со настава на албански јазик.

    Училиштето нуди можност за избор на образовни профили и квалификации барани на пазарот на трудот: агротехничар, техничар за агроменаџмент, техничар за фитомедицина техничар по ветеринарна медицина, прехрамбен техничар, техничар за козметички и хемиски производи, техничар за козметичка нега и убавина, техничэр за патен собраќај, машински техничар за моторни возила, фризер, пекар и  дентален асистент. 

    Отворениот ден беше своевиден саем со кој се покажа дека училиштето нуди квалитетно и современо стручно образование кое ги подготвува младите за живот и за работа. Тоа е единствено училиште со сите дуални паралелки, што значи дека теоријата и практиката одат рака под рака, како и можноста за стипендија.

    Државното средно училиште „Киро Бурназ“ е комплетно реновирано, со најсовремено опремени училници, работилници., кабинети и лаборатории, како и ученички дом.

    „Сите услови што ги имаме на практична настава ги имаме и во нашиот кабинет, за дентален асистент. Имаме забарска столица, сите можни инструменти, машини и материјали. Училиштето е ново, чисто, средено, професорите детално објаснуваат. Задоволство е да се биде ученик во „Киро Бурназ“, уживаме додека постојано учиме нешто ново“, раскажа младата ученичка Деспина.

    За сите заинтетересирани имаше органзиран превоз од самото училиште, преземен е и тој чекор поради одалеченоста на објектот од центарот на градот. Тоа само ја докажува посветеноста на добра и соодветна презентација на установата.

    „Со многу нови воведени струки, имате голем избор, а одлуката е на вас. Стручното училиште нуди и теорија и пракса, дуалните паралелки се покажаа како вистински погодок. Знам дека се наоѓате на еден крстопат за да одлучите по кој пат ќе одите, ви посакува доколку го изберете Регионалниот ценатр „Киро Бурназ“ да имате успеси, и да станете вешти во тоа што ќе го работите“, ги поздрави присутните Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование.