×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ова се местата во Куманово каде се користи радар за мерење на брзина

    09.03.2020 09:44 | KumanovoNews

    Полицијата, со цел да влијае на возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го открие возењето со поголема брзина од дозволената, ги објави местата каде се користат радари.

    Ова се местата во Куманово каде се користи радар за мерење на брзина

    Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Куманово,  радарот го користи на следниве локации:

    – во градот на булеварите Октомвриска револуција и Трета МУБ, ул. 11 Октомври, ул. 11 Ноември, ул. Доне Божинов, ул. Никола Тесла.

    – на магистрален пат М-2 куманово – Кр. Паланка на 7 – ми километар, м.в. Света Петка и с. Војник.

    – На регионален пат кон Скопје кај с. Љубодраг и с. Умин Дол.

    – На регионален пат кон Св. Николе кај с. Доброшане.


     Поголем дел од возачите во Куманово не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Сведоци сме на агресивно возење со неприлагодена брзина, поминување на црвено светло, непочитување на правото на пешачки премин, но и несовесни пешаци кои поминуваат каде ќе стигнат. Затоа секојдневно се случуваат сообраќајки, кои дел се со фатални последици.

    Сите се согласни дека сообраќајната култура во градот е на многу ниско ниво, а проблемот ќе се реши само со санкционирање на прекршителите.