Мени

Овчар пукал со пушка кон кучиња, погодил и повредил човек

06.09.2022 17:32 | Сузана Николиќ

Овчар пукал со воздушна пушка кон кучиња и повредил случаен минувач во селото Војник, општина Старо Нагоричане.

Овчар пукал со пушка кон кучиња, погодил и повредил човек

Несреќата се случила вчера попладне, а случајот во полиција го пријавиле лекари од  Општа Болница Куманово, откако кај нив со повреда бил донесен Ј.С. од Куманово. 

„Полициски службеници излегле на местото и во службен разговор со нив Ј.С.  Тој пријавил дека додека шетал бил погоден од овчар, кој со воздушна пушка пукал кон кучиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува МВР.