×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поради проблемот со вода пациенти од Кумановската болница се праќаат на скопските клиники, откажани се и операциите

    23.05.2024 15:53 | Оливера Пешевска

    Во Општата болница Куманово во текот на вчерашниот ден и денеска преземени сите мерки за справување со последиците од немањето на вода од градската мрежа, за да можат нормално да функционира во новонастанатите услови, тврдат надлежните.

    Поради проблемот со вода пациенти од Кумановската болница се праќаат на скопските клиники, откажани се и операциите

    „Иако не бевме официјално известени, откако дознавме од порталите стапивме во контакт со министерот за здравство, кој без поговор даде дозвола да ги транспортираме пациентите до клиниките во Скопје. Со помош на Центарот за управување со кризи добивме цистерна со исправна вода за наши потреби, а обезбедивме и доволна количина на вода за пациентите и персоналот во болницата“, истакна директорката Биљана Ивановска.

    Во последното деноноќие транспортирани се 3 пациенти од Кумановската болница до здравствените установи во Скопје, поради сериозноста на нивната состојба, но сепак на Акушерското одделение е извршено итно породување, поради тоа што било во завршна фаза,  а за пациентката и бебето било побезбедно да се изврши во болницата.

    Директорката додава дека сите згрижени пациенти се во добра, а со брза реакција, меѓуодделенска и меѓуинституционална координација болницата во Куманово работи тековно со пациентите кои се јавуваат кај нив.

    Дел од пациентите се пуштени на домашно лекување, а во договор со болничката кујна во текот на денот се служела сува храна, со прибор за еднократна употреба за да бидат запазени здравствено- хигиенските норми. До нормализирање на состојбата нема да се изведуваат закажани операции. 

    Веќе одржале состанок за интер-хоспитални инфекции, преземени се сите расположиви мерки и запазени сите протоколи, така да не очекуваат нивно зголемување и покрај функционирањето во нестандардни услови.

    За време на продолжениот викенд ќе продолжат со работа по веќе установениот распоред, договор и насоки. Општа болница Куманово обезбедила доволно количини на вода и од цистерна и за пиење за деновите од продолжениот викенд.