Пакистанци ограбиле сонародник во Ваксинце
Три лица од Пакистан извршиле разбојништо врз нивен сонародник, при што му одзеле 150 евра.

Во СВР-Куманово, вчера било пријавено дека во полициската станица Сопот вработените во Црвен крст го довеле А.Ф.(23) од Пакистан, кој тврдел дека три лица од Пакистан му извршиле разбојништо, при што му одзеле 150 евра.
А.Ф. изјавил дека на 19.07.2017 година во с.Ваксинце, дошол заедно со група лица од Пакистан, при што биле пречекани од три лица, исто така од Пакистан (на возраст од околу 25-30 години), кои биле задолжени за пречекување и испраќање групи мигранти надвор од Р.Македонија.
На 21.07.2017 година околу 22,00 часот, наведените организатори на сите лица од групата мигранти им побарале по 2.000 евра од лице, за да ги пренесат преку државната граница во Р.Србија. Бидејќи оштетениот немал пари, еден од организаторите го нападнал, удирајќи го со два удари со рака во пределот на лицето, по што му ги одзел парите и го оставиле. А.Ф. е пренесен во Транзитен центар-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.