Пакистанци повредени и ограбени во Лојане
10.04.2020 11:16
| KumanovoNews
М.Ј.(21) и А.А.(23), двајцата од Пакистан, пријавиле дека вчера околу 22.00 часот на пат од с.Лојане кон с.Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан.

Потоа биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А. со тврд предмет. М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот.