×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Пакомак“ донираше 50 двојни кантички за отпад во Куманово

    29.05.2020 07:20 | KumanovoNews

    Откако е почната соработката во 2016 година досега во Куманово се поставени над 130 контејнери за селективно одложување на отпадот во соработка со УНДП, 100 столбни двојни  сета на канти за џебен отпад и 150 контејнери од 120 литри, благодарение на „Пакомак“

    „Пакомак“ донираше 50 двојни кантички за отпад во Куманово

    Општина Куманово се приклучи на листата на градови во земјава кои благодарение на компанијата „Пакомак“ ја подобри својата комунална инфраструктура и урбана опрема.  Со тоа им овозможи на своите жители можност за селективно одложување на отпадот.  Во согласност со потребите на градот, жителите на Куманово добија на користење 50 двојни сета на електростатски фарбани канти, кои минатата недела беа поставени на повеќе локации низ градот.

     Куманово е една од поголемите Општини во земјава, каде се создаваат и значајни количини на отпад, така што овие специјални канти ќе овозможат отпадот  да се остави во кантите, а не да завршува по улиците и тревниците.

    Оваа донација е само една од активностите на  „Пакомак“ во земјава која има за цел намалување на амбалажниот отпад, и зголемување на свеста на рециклирањето на истиот. Откако е почната соработката во 2016 година досега во Куманово се поставени над 130 контејнери за селективно одложување на отпадот во соработка со УНДП, 100 столбни двојни ста на канти за џебен отпад, и 150 канти од 120 литри, благодарение на „Пакомак“, - информираат од „Пакомак“.

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ја искажа својата благодарност кон „Пакомак“ и донацијата ја опиша како акција од општ интерес, истакнувајќи ја важноста на соодветната инфраструктура за реализирање на краткорочните и долгорочни еколошки цели. А проширувањето на мрежата за селектирање и рециклирање на отпад претставува уште еден чекор напред кон создавање на одржлива и чиста околина.