×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Паланчанец си го запалил возилото, откако полицијата утврдила дека не е исправно

    14.05.2020 14:10 | KumanovoNews

    Жител на Крива Паланка го запалил сопственото возило, откако полицијата при контрола утврдила дека е неисправно.

    Паланчанец си го запалил возилото, откако полицијата утврдила дека не е исправно

    Инцидентот се случил вчера во 11 часот во селото Жидилово, кога полициска патрола од Крива Паланка, запрела патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од О.М.(29) од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од с.Жидилово и Х.С. од Крива Паланка.

    При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин.

    Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело. Била повикана екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.