×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Парична казна за двајца кумановци, се движеле низ градот во време на полициски час

    31.03.2020 13:07 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

    Парична казна за двајца кумановци, се движеле низ градот во време на полициски час

    Обвинетите  на 25.03.2020 година за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

    За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.