Мени

„Пасат“ удри во пешак на „Доне Божинов“

13.07.2021 09:59 | KumanovoNews

Осумдесет и шестгодишен старец е повреден во сообраќајна незгода на улицата „Доне Божинов“ во Куманово.

„Пасат“ удри во пешак на „Доне Божинов“

Според МВР,  сообраќајката се случила вчера во 10.05 часот, кога патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Куманово удрило во пешак С.М.(86) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.