22. 12. 2009 00:00

Патиштата во кумановско проодни

Патиштата во кумановско проодни

Сите магистрални и регионални патишта на територијата на Општината Куманово се проодни. Според информациите од Центарот за справување со кризи, екипите на „Македонија пат„ интервенирале истата вечер во време на снежните врнежи со што е спречена појава на застои на патиштата.

Единиците на општина Куманово располагаат со четири соларки со кои прво се расчистени главните, а подоцна и споредните патишта. Имаше мали прекини во снабдувањето со електрична енергија во некои делови, но екипите веднаш реагирале и дефектите се отстранети. Сите патни правци се проодни освен планинските села каде што се препорачува користење на теренски возила - изјави Филип Јакимовски дежурен оператор во Управа за справување со кризи.

Денеска снежната покривка во градот изнесува од 15 до 20 сантиметри.

Една од задачите на Центарот за управување со кризи е и да ги следат состојбите кои произлегуваат од временските услови.

И.И.

Патиштата во кумановско проодни

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk