Патувачка изложба „АТР ФЕМ“ во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 12 часот, ќе се одржи изложба на уметнички дела во рамките на “Арт фем“ проектот. Со оваа изложба започнува претставувањето на мрежното функционирање на жени и девојки уметнички од регионот.

На патувачката изложба на Дороти Пачкова, ќе бидат претставени уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во Македонија, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеговина и Црна Гора.
“Изложбите се интерактивни, се анкетираат девојки и жени уметнички и од најранливи категории, во однос на нивните мислења, како тие сметаат дека би можеле да се вклучат во “Арт Фем“ и што би им било нив најмногу од полза ако се дел од Центар за женска слобода и уметност“,-велат од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
„Арт Фем“ проектот е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културноуметнички живот.
Со ова се започнува претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметнички од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја, со поддршка на Министерство за култура преку Нов културен бран 2019, и Секторот за спорт и млади при град Скопје.
Изложбите ќе се реализираат во Крива Паланка, Куманово, па Штип, па Тетово, па Охрид и Струга и завршуваме, за оваа година во Скопје.