×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Павловски: Mладите се столб на секоја држава и носители на промените

    28.09.2021 14:44 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“ Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за проекти кои се предвидени да се реализираат доколку ја добијат поддршката на граѓаните, а се однесуваат на подобрување на животот на младите лица од Општина Куманово.

    Павловски: Mладите се столб на секоја држава и носители на промените

    „Како иден советник, ќе направам сè што е во моја надлежност за да го подобрам квалитетот на живот на сите млади, затоа сум како млад човек и знам што му е потребно на Куманово. Ќе ги набројам проектите кои значат - Општина Куманово пријател на младите лица. По победата на 17-ти октомври, како локална власт од граѓаните и за граѓаните следува: подобрување на условите во училиштата преку реконструкција на објектите на сите општински училишта, проширување на нови капацитети и изградба на ново средно училиште, изградба на ново модерно спортско игралиште за секој училишен објект на територија на Општина Куманово и партерно уредување на училишните дворови по примерот на „Наце Буѓони”, отворање на Mладински интеркултурен културен центар во Дом на пионери - Куманово, гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта и формирање на средношколски младински центар во рамките на Младинскиот центар при Општина Куманово“, рече Павловски.

    Како важни приоритет за младите Павловски најави и формирање на: јавна соба - простор за млади лоциран на поткровје на Затворениот градски базен, со отворен и затворен простор, со ИТ опрема, простор за  релаксација, едукација и забава, центар за координирање и соработка на средни стручни училишта, бизнис сектор и АВРМ, како и стипендирање за најдобри ученици, поддршка и промоција на техничко-технолошки и иновативни решенија, проектирани од страна на ученици и поддршка на млади културни уметници...