Пазареле во маркет со фалсификувани евра
30.09.2021 07:39
| Сузана Николиќ
Три непознати лица вчера пуштиле во оптег лажни евра, откако со нив пазареле во маркет во Куманово.

„Вработена во маркет на улица „11-ти Октомври“ во Куманово денеска во полицијата пријавила дека завчера околу 13.30 часот три лица платиле за производи со фалсификувана банкнота од 100 евра“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.