×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пазарната инспекција ги повика угостителите да не организираат свадби и забави - ќе заработат кривични пријави

    22.07.2020 17:13 | KumanovoNews

    Државниот пазарен инспекторат – Одделение за инспекциски надзор Куманово,  ги повика угостителите да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од коронавирус и да не организираат семејни веселби во рестораните, ниту да ангажираат музика во кафеаните и кафе-баровите, додека трае забраната од Владата, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни и кривични пријави.

    Пазарната инспекција ги повика угостителите да не организираат свадби и забави - ќе заработат кривични пријави

    На денешниот состанок на пазарните инспектори со угостителите од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, беше најавено дека од денеска ќе се засилат контролите во угостителските објекти, со цел да го спречи кршењето на протоколите, за да се спречи ширењето на коронавирусот. 

    „Заеднички заклучок беше дека ќе се придржуваат до пропишаните мерки. Ветија дека нема да работат рестораните за свадби, односна дека во кафетериите, гостилниците и кафе-барови нема да имаат музика. Не би било добро на даден збор да не се придржуваат. Сега се информирани и лично и нема основ да се жалат дека не се запознаени, сега директно ќе се оди на казнени мерки и нема да се простува на никого. Од денеска ќе работиме во две смени, кого ќе фатиме дека го крши законот нема простување, ќе има кривични пријави“, најави раководителот Рами Емини.

    Угостителите велат дека се свесни за сериозноста со ширењето на коронавирусот и поради тоа во целост ги прифаќаат мерките. Тие тврдат дека и досега ги почитувале протоколите за работа што ги донесе Владата, а така ќе продолжат и во иднина. Но, исто така бараат од надлежните институции да ги предвидат нивните загуби и пад на бизнисот, коишто тие ги трпат поради намалениот број на гости и да им помогнат да ги надминат финсиските проблеми во работењето.

    Со новите мерки што ги донесе Владата, рестораните не смеат да организираат свадби, крштевки, родендени или било кои други семејни веселби, а според протоколот за работа на кафулиња и кафеани, треба да се запази растојание од 1,5 метар помеѓу масите, да имаат средства за дезинфекција, да не организираат музички настани, односни настапи на пејачи или групи во објектите.

    Од Државниот инспекторат во Куманово велат дека покрај тоа што тие се постојано на терен, редовно добиваат и дојави од граѓани по телефон, ги следат и социјалните мрежи ако има најава за настап на некој пејач или група, но и граѓаните кои споделуваат фотографии и видеа од семејни забави или журки.

    Досега во Куманово има поднесено три пријави, една кривична за непочитување на мерките од угостителски објект и две прекршочни пријави за нерегистрирана дејност.

    (С.Н.)