Пчеларите незадоволни од приносите
25.07.2015 10:26
| KumanovoNews
Пчеларите се жалат дека годинава приносите со мед не се баш најдобри.
Тие до 1 август ќе го извадат медот од кошниците.
“Реколтата не ги исполни очекувањата. Имало и подобри години. Рано е да се зборува за некој просек по кошница, бидејќи кај секој пчелар е различно. “-вели Бранко Тасевски, претседател на пчеларско друштво “Пчела“.
По 1 август откако ќе се собере медот, пчелните семејства треба да се заштитат од штетници и болести.