×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пендаровски повика на масовна излезност за да победи концептот кој нуди иднина на државата

    01.05.2024 09:00 | Оливера Пешевска

    Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа ги повика кумановци масовно да излезат на изборите и да го поддржат концептот кој нуди иднина на државата. 

    Пендаровски повика на масовна излезност за да победи концептот кој нуди иднина на државата

    Тој смета дека во вториот круг се тргнува од нула и треба добро да се размисли за кого се гласа, бидејќи потоа нема назад, а враќањето на режимот ќе ја врати државата назад. 

    Според него петте кандидати кои испаднаа во првиот круг заеднички освоиле околу 330.000 гласови, а нивните програми се блиски до неговата.

    „Од другиот политички блок веќе се прогласија за победници, слушам дека делат ресори, министерски, директорски и началнички места. Не се обесхрабрувајте, во вториот круг влегуваме од нула и секој од вас треба да размисли пред да го даде гласот за претседателските избори, затоа што меѓу нас во концептите кои ги нудиме за иднината на државата се драстично различни. Со заокружување на бројот еден да направиме Македонија да продолжи по овој пат, со мали чекори, но без да го греши правецот. Мора да продолжиме, се друго е ризик, се друго е враќање назад и се друго е губење време за младите генерации кои нема да не чекаат ние конечно да ја одбереме вистинска насока, вистински луѓе на вистински места, едноставно ќе си заминат и воопшто нема да се завратат назад“, порача Пендаровски.

    За кандидатот за претседател на СДСМ, најголемиот проблем за напредокот на државата се внатрешните делби.

    „Ние имаме и неповолно опкружување, имаме соседи кои долги години не негираат, некои и продолжуваат да не негираат, но ние со тие проблеми ќе се справиме. Проблемот е како да се справиме со овие внатре, наши државјани, наши граѓани, дел од нашиот народ. Ако тие дојдат на власт и го реализираат концептот на нов, граѓански устав, ние се враќаме во раните 90-тите, кога националистите ја диктираа иднината и судбината на народите и на државите секаде на Балканот. Милиони луѓе се расели, илјадници домови беа уништени, стотици илјади ги изгубија своите животи и ја изгубивме најважната работа, ги изгубивме младите и перспективите. Нема држава која може да има динамична економија, а ја нема најдинамичната сила во рамките на општеството младите кои треба да предводат во обновата на држават и во прогресот на општеството“, истакна Пендаровски во своето обарќање.

    Тој изрази чудење што противкандидатката нема одговор по ниту едно прашање. Не дала јасен одговор дали ќе го поништува Преспанскиот договор, за кој бараа кривична одговороност за тие што го потпишале, а сега вели дека е добар за безбедноста на Македонија. Дали ќе го репреговараат договорот што државата го има со Брисел, со кој се гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик.