Пешак прегазен на раскрсница
06.09.2019 09:54
| KumanovoNews
Едно лице е потешко повредено кога во него удрил автомобил додека се движело на раскрсница.

Незгодата се случила вчера во 12.10 часот, на крстосницата на улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“ во Куманово, кога патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43) од Куманово, удрило во С.Д.(73) од Куманово.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.