×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пешиќ-Бошковска: 470 милиони евра за помош на граѓаните, здравството и стопанството

    31.10.2020 11:38 | KumanovoNews

    Ребалансот на Буџетот за 2020 година, обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, за ранливите категории на граѓани, но и за компаниите кои се погодени, како последица на коронавирусот, рече портпаролката на општинската организација на СДСМ Куманово, Катерина Пешиќ - Бошковска, на денешната прес-конференција.

    Пешиќ-Бошковска: 470 милиони евра за помош на граѓаните, здравството и стопанството

    - 470 милиони евра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и за помош на стопанството. Од нив, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83 000 работни места и субвенционирање вкупно 250 000 плати за месеците октомври, ноември и декември. 27,6 милиони евра ќе завршат кај 283 000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички, во вредност од по 6 000 денари.

    Со ребалансот, Владата издвојува и 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од ковид-19. Парите ќе бидат наменети за ковид-центрите во Скопје и во болниците во останатите градови во државата. Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи, - додаде Пешиќ -Бошковска.

    Таа вели дека Владата предводена од СДСМ постојано ја следи состојбата со коронавиурсот и носи суштински, навремени и ефикасни мерки за справување со економските и здравствените последици од корона кризата.