×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пет негователки и 8 деца од јасли во изолација откако негователка во кумановската градинка позитивна на ковид-19

    09.10.2020 10:05 | KumanovoNews

    Осум деца од јасли и 5 негувателки се во изолација откако нивна колешка од градинката „Ангел Шајче“, во објектот „Развигорче“ во Куманово е позитивна на коронавирус.

    Пет негователки и 8 деца од јасли во изолација откако негователка во кумановската градинка позитивна на ковид-19

    Од Центарот за јавно здравје во Куманово велат дека сите деца се без симптоми на ковид-19, но нивната здравствена состојба ќе се следи.

    „Пред два дена добивме лабораториски потврден случај на ковид-19 на негувателка во група јасли, која работи со мали деца. Направена е епидемиолошка анкета, разговор со одговорната, контактирани се родителите на децата кои во тој период ја посетувале градинката и заклучено е дека треба под надзор и во изолација да се стават 5 вработени и 8 деца од одделот јасли 1 и 2, кои во последните 14 дена имале контакт со воспитувачката. Сите деца се без симптоми и се следи нивната здравствена состојба од матичните лекари“, велат од Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Од епидемиолошката служба направена е вонредна дезинфекција во објектот и затворена е кујната, а се следат и останатите вработени за да се тестираат ако пројават симптоми.

    Директорката на градинката Марина Алексовска вели дека денеска добиле информација оти уште една негувателка од јасли, а која била во изолација, пријавила дека е позитивна на ковид-19.

    „Ние во оваа ситуција постапуваме согласно алгоритамот, веднаш ги известивме Центарот за јавно здравје, Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа и се преземаат сите мерки и протоколи за заштита од ширење на вирусот во градинката. Бројот на деца кои посетуваат градина во Куманово е многу мал и вчера на ниво на установата во сите објекти имаше само 317 деца“, вели директорката Алексовска.

    Во објектот „Развигорче“, каде што се наоѓа и управната служба, заразени од коронавирус се двајца вработени од помошно-технички персонал и еден сметководител. Во изолација ќе биде и втората административна службеничка, поради што од понеделник 15 дена нема да работи административната служба.

    Во Куманово ова е вторпат да се појави коронавирус помеѓу вработените кои работат со деца. Пред 20 дена во градинката „Детелинка“, беше заразена негувателка, но поради тоа што ги почитувала протоколите групата не беше затворена.