Пет пожари во изминатото деноноќие во Куманово
06.07.2020 08:27
| KumanovoNews
Противпожарната единица во Куманово, во изминатите 24 часа интервенирала на гаснење на пет пожари во Куманово.
Според извештајот на Регионалниот центар за управување на кризи(РЦУК), пожарникарите гаснеле сува трева, ѓубре, жито и еден автомобил.
Првиот пожар е пријавен вчера од 10.50 часот во селото Бељаковце на запалена сува трева. На Пчински пат горела сува трева и ѓубре околу 15.30 часот, на Поток Серава се запалило жито во периодот од 16,30 часот, додека на Спомен Костурница истотака горела сува трева околу 17 часот.
Последниот пожар е регистриран околу 17 часот пред Хотел „Милано“, а се интервенирало на гаснење на автомобил.