Пет пожари за едно деноноќие
10.08.2015 08:05
| KumanovoNews
Во последните 24 часа во Куманово имало пет пожари на запалена сува трева, шума и моторно возило.

Територијалната противпожарна единица Куманово бележи неколку интервенции во текот на денот на опожарена сува трева на локалитетот Муслимански гробишта. Не е позната површина која е изгорена.
Во атарот на село Орашец интервенирано е од 10.55 до 21.50 часот опожарена дабова шума.
На потегот од село Романовце кон село Бразак, интервенирано е во период од 15.55 до 19.20 часот, со 2 возила и 5 пожарникари на запалена сува трева и нискостеблеста шума со непозната површина.