×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петар Андоновски добитник на Европската награда за литература

    19.05.2020 18:51 | KumanovoNews

     Кумановецот Петар Андоновски, со својот роман „Страв од Варвари“, во издание на „Или-Или", е добитник на Европската награда за литература.

    Петар Андоновски добитник на Европската награда за литература

    Заедно со Андоновски, лауреати се уште 13 европски писатели.

    „Европската награда не ја доживувам само како мој успех, таа пред се' е успех за целата македонска книжевност. Ова награда е доказ дека не постојат мали јазици и книжевности, туку добри и лоши книги. Ова награда е доказ и дека нема поголем промотер на една држава од културата", вели писателот Андоновски.

    Петар Андоновски е автор и на делата „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три изданија).

    Воедно, од македонските автори во потесен круг за наградата беа уште тројца македонски автори: Давор Стојановски со „Утеха за голите“, Ѓорѓи Крстевски со „Другата страна“ и Михајло Свидерски со „Последните денови на Ханс“